еМагазин
Image default
Македонија

Ременски и сопругот ќе се приклучат кон тужбата на Заев, Димитров и Шекеринска

Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременска се огласи на нејзиниот фејсбук-профил по повод текстот на „Инфомакс“ во кој, тој и нејзиниот сопруг се инволвираат во случајот „Рекет“.

„На интернет порталот „Инфомакс“ на 23.08 беше објавен документ (записник) од исказ на лице за кривично-правен настан кој е предмет на актуелнсa истрага во ОЈО за организиран криминал и корупција. Селективното презентирање на содржината од објавениот записник со манипулирање и насочување кон заклучоци и новинарски интерпретации за некаква моја вмешаност и вмешаност на мојот сопруг во случајот „Рекет“, ги ценам како груби клевети и невистини. Овој текст продуцираше написи и наслови во други портали со иста содржина.

Обвинителството ги има на располагање сите права и обврски да ја утврди точноста на сите дејствија за сите спомнати во записникот. Медиумскиот суд не може да биде замена за институционално постапување.

Со оглед на фактот дека, лицитирањето со вината и манипулирањето со ширење на дезинформации и клевети за мене и за мојот сопруг ги сметам за напад врз мојата чест и углед, што повлекува и чувство за загрозување на мојата безбедност, ќе ги преземам сите законски дозволени средства за заштита.

Барам новинарот кој е автор на текстот во порталот „Инфомакс“ и порталот „Република“ кој објави клеветнички наслов да го повлечат веднаш и да се извинат во спротивно се приклучуваме кон заедничката тужба за клевета од премиерот Зоран Заев и други.

Еден од важните начела на правната држава е трагањето по вистината и одбрана на вистината, преку демократски правни средства по институционален пат“, напиша Ременски на нејзиниот фејсбук-профил.

Тужби за клевета најавија и премиерот Зоран Заев и министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска ја потврди веродостојноста само на првата страна од записникот за сведочењето на Камчев, кој заврши во медиумите

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

И Шекеринска најави тужба за „Рекет“

Димитров: Одвратна инсинуација дека сум вмешан во „Рекет“, прв пат ќе тужам

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Детален преглед: Бројот на активни случаи на корона вирусот во скопските општини има мало намалување

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница