еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рускоска: Заев го има само еднаш во исказот на Камчев, други политичари не се спомнати

Ниту премиерот Зоран Заев, ниту други политичари не се спомнати во исказот на Јордан Камчев, рече денеска обвинителката Вилма Рускоска по седницата на Советот на јавни обвинители на која се распрашавше за шефицата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева, кој е осомничена и притворена за случајот „Рекет“.

-Не, воопшто не се спомнати. Апсолутно станува збор за дезинформација од одредени медиуми. Заев е спомнат само во делот каде што кажа Јордан Камчев дека пријавил кај него, нагласи Рускоска, одговорајќи на новинарски прашања.

Уште еднаш беше децидна дека ниту еден друг политичар не е спомнат во исказот на Камчев.

На седницата на Советот на јавни обвинители, Рускоска ги презентирала доказите за случајот „Рекет“, како и исказите од сведоците кои досега ги има собрано Обвинителството за организиран криминал и корупција.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Обвинителството се уште не знаат како дел од записникот од сведочењето на Камчев заврши во медиумите

Овинителството знае каде се дел од парите од „Рекет“

Кој го сликаше записникот за сведочењето на Камчев за „Рекет“?

Наместо на инвестиции, 2019. стана година на „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како да извадите сертификат за патување во неколку чекори

Редакција

Докторите во следните две години ќе може да работат без медицински сестри, за да не згаснат амбулантите во руралните места

Редакција

Заев за изјавата на Каракачанов дека македонскиот дел од заедничката Комисија се однесува како „магариња на мост“: Ги повредува нашите чувства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница