Кирил Колемишевски, Елизабета Наумовска и Неџад Мехмедовиќ се нови заменици-министри во Владата.
Колемишевски ќе биде заменик-министер за економија, со 62 пратенички гласа „за“, 13 против и без воздражни.
Наумовска ќе биде заменик во Министерството за образование и наука. Таа е изгласана со 63 „за“, 15 против и без воздражни.
Мехмедовиќ, ќе биде заменик-министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Доби 61 глас „за“, 13 не го поддржаа и немаше воздржани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нина Ангеловска стана првата жена министер за финансии
Хисен Џeмаили стана министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима