еМагазин
Image default
Локално

Во следните три дена посебен сообрaќаен режим во Скопје

На 03, 04 и 05.09.2019 (вторник, среда и четврок) од 09.00 до 11.30 часот, во организација на Скијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“ од Скопје, град Скопје и општина Карпош, ќе се одржи меѓународна спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“, со траса на движење од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градежен работник тешко повреден при пад од хотел во Лагадин

Редакција

33-годишен маж загина во сообраќајка на патот Дебар-Струга

Редакција

Малолетник од Скопје го силувал малолетниот брат и уште едно дете

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница