еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ребаланс од немајкаде: Популизам а ла ВМРО-ДПМНЕ наместо капитални инвестиции

Владата на СДСМ и ДУИ ја продолжува практиката на претходната владејачка гарнитура и со популистички мерки какви што се субвенциите за зголемување на платите се обидува да го прикрие неуспехот во реализацијата на капиталните инвестиции.

Имено, со ребалансот на буџетот Владата скрати 50 милиони евра од капиталните инвестиции и најголем дел од тие пари планира да ги исплати како субвенции за придонеси на компании кои ќе ги зголемат платите на вработените.

Надлежните треба да знаат дека постои опасност македонските газди и овие субвенции да ги искористат за полнење на сопствените џебови наместо на работниците исто како и мерката за исплата на К-15 со која на работниците им се исплаќаат пари кои потоа се принудени да ги вратат доколку сакаат да ја задржат работата.

Загрижувачки е што и оваа, како и претходната власт покажува неспособност во реализацијата на планираните инвестиции во железницата, енергетиката, водоснабдувањето, руралниот развој, образованието…

Не треба да се заборави дека токму од реализацијата на вакви капитални проекти зависи порастот на економијата, а не од зголемувањето на потрошувачката односно евентуалниот пораст на платите на работниците.

Се добива впечаток дека Владата очекува големо НЕ од Европската Унија во октомври во однос на прашањето за доделување датум за преговори и дека со евтини популистички трикови какви што се субвенциите за зголемување на платите ќе се обиде да ги замачка очите на граѓаните за неуспехот во евроинтегративниот процес и неостварените ветувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

Ребаланс на буџетот: Капиталните инвестиции намалени за 50 милиони евра, на што се крати?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По кратко и тешко боледување, почина познатиот српски актер Жарко Лаушевиќ

Редакција

Русковска: Јовески не може да се меша во конкретните предмети на обвинителите

Редакција

(Видео) Голема победа на опозицијата на Косово: Црвен картон за Рамуш Харадинај и Хашим Тачи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница