еМагазин
Image default
Македонија

Обвинетите за несреќата на автобусот на „Дурмо Турс“ во која загинаа 16 лица „не биле виновни“

На денешното рочиште за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 луѓе, а 38 беа тешко повредени пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинети за несреќата се сопственикот на компанијата „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, како и возачот Маноил Трифуновски.

Обвинителот Дарко Јакимовски денес изјави дека уреди за лажирање на брзината биле ставени во автобусот на „Дурмо Турс“. Имено, возачите на оваа компанија ги активирале со прекинувач, за да не се прикаже реалната брзина на движење.

Обвинетите се товарат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Фото: Дурмо турс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина кавадарчанка со Ковид-19 на пат кон скопска клиника, 11 новозаболени за 24 часа

Редакција

Фазлиу реагира на кривичната од Финансиска полиција: Се бара криминал таму каде што не му е место, а се затвораат очи таму каде што и слепиот го гледа

Редакција

Судскиот совет не бил вклучен во измените на Кривичниот законик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница