еМагазин
Image default
Локално

Силно невреме во тетовско: Град, силен дожд и ветер направија реки од улиците

Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот.

Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час.

„Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра на улиците, некаде со кал, а некаде поројно се движеше по улиците“, информираат жителите на Слатино.

Во тетовската полиција засега нема пријавено повредени лица, поголеми проблеми или оштетување на имоти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Возило на АРМ ќе се вклучи во гаснењето на пожарот во Чаир, кое оди тешко

Редакција

Обид за убиство во затворот во Прилеп, со нож нападнат затвореник

Редакција

Крвава тепачка меѓу две девојки во кафана во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница