еМагазин
Image default
Локално

Стружанец погоден од струен удар од диво поставени метални шипки

На 08.09.2019 во 22,40 часот во Полициска станица Струга, било пријавено дека на улица „Сергеј Есенин“ од струен удар бил погоден Е.А.(18) од Струга откако се допрел со раката до диво поставени метални шипки од продавница за сувенири кои биле под напон.

Стружанецот одбил да му се изврши лекарски преглед, појаснувајќи дека се чувствува добро и нема потреба од лекарска помош, информира МВР.

Полициски службеници кои излегле на местото на настанот констатирале дека од страна на Е.А.(40) од Струга, сопственик на продавница за сувенири има диво поставени метални шипки во земја кои допирале електричен кабел под напон.

Од екипа од ЕВН Струга отстранети се металните шипки. Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна маж кој боледува од Алцхајмерова болест

Редакција

Ангелов очекува следната недела да има информации за штетата на мостот „Беласица“

Редакција

Кумановската болница нуди бесплатна психолошка поддршка за заболените од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница