еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев и Мицкоски се договорија да не се договорат, судбината на СЈО останува да виси

Лидерската средба помеѓу лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која траеше повеќе од седум часа, заврши без договор.

Политичарите до раните утрински часови не успееа да најдат решение за Законот за јавното обвинителство (ЈО), од кој зависи идниот статус на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

За неколку дена, на 15 септември истекува мандатот на СЈО, а очекувањата беа дека средбата ќе донесе договор Законот за ЈО да се донесе со двотретинско мнозинство во Собранието.

На 15 септември, завршува и мандатот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“. Таа пред неколку дена од затворот даде полномошно сите предмети од СЈО да преминат во Јавното обвинителство.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 429 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на ГТЦ за набавка на струја вреден 863.000 евра

Редакција

(Видео) Неверојатни сцени од изедначувањето на Јупитер и Сатурн: Ќе блесне Витлеемската ѕвезда

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница