еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Ирена Ристиќ најавува беспоштедна борба против ѓубрето до празникот 11 Октомври

Актерката и активистка за чиста животна средина, Ирена Ристиќ повика да ја исчистиме Македонија до празникот 11 Октомври, при што имаме еден месец секој од нас да се вклучи во таа мисија.

„Знам дека сум романтик, знам дека се занесувам, али… Не знам колку внимателно ме следите, во задњиов месец секојдневно објавувам ѓубришта од разни локации низ Македонија кои ми ги праќаат у инбокс и кои се постираат од наши членови во групата… Нејсе, да скратам! Шо ми е идејата! Денес е 11.09… За месец дена е еден од најголемите празници 11 Октомври и би сакала на тој ден да тргнеме во беспоштедна борба против ѓубрето! Ние, граѓаните, а ако сакаат и службите, немам против!

Како? Со чистење! Кој? Секој на кого му пречи! Каде? Ширум убавата наша која ја утепавме со ѓубре и отрови.

Прво сакав да поканам претставници од сите 33-34 града, колку се, па после ми текна дека селата ќе речат дека дискриминирам и игнорирам, така шо поканата важи за сите населени места! Доволно е да излезе по еден човек на локација и да собере макар мало ќесиче ѓубре, да слика (пред и после) и да ми прати за да направиме еден празничен албум!

Мотивот е почитта кон оние кои се избориле за ова шо го имаме денес, а не го чуваме, едно и второ, во борбата против ѓубрето немам намера да изгубам! Ни јас, ни овие “партизаниве” кои ме следат“, вели Ирена во нејзиниот фејсбук-статус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавина од шпекулации: Пребега ли бегалецот Груевски од Унгарија во Русија, Турција или Азербејџан?

Редакција

Каков имот пријавил Иџет Мемети, осомничен за случајот со Наке Георгиев

Редакција

Каков имот пријавил Иван Џолев, в.д. претседателот на Кривичен суд

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница