еМагазин
Image default
Македонија

Собранието утре ќе расправа за разрешувањето на Јанева

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа собраниската седница на која единствена точка е разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

На 5 септември Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

На пленарната седница нема да се расправа за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување. Одлуката се носи со двотретинско мнозинство и со т.н. бадентерово гласање, а на крајот треба да ја потврди и Советот на обвинители.

Во материјалите поставени на веб-страницата на Собранието, а во врска со разрешувањето на Јанева, покрај заклучокот на Комисијата по кој пратениците треба да расправаат, се поставени и согласност од четирите политички партии со најголем број пратеници СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса на Албанците.

Јанева во моментов е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.

МИА/Фото: СЈО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предметите на СЈО преземени од ЈО, засега остануваат кај досегашните обвинители

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиена жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка за Димитровски и Главчев

Редакција

Во Собранието пак нема кворум: Додека граѓаните и фирмите чекаат пари, пратениците со меѓусебни обвинувања

Редакција

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ одржа протест во Скопје: Со факели и тоалетна хартија се бара оставка на Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница