еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на денешната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена за случајот „Рекет“ и се наоѓа во притвор.

За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот на вонредната седница.

-Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен овинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски по завршувањето на седницата.

Тој посочи дека в понеделник ќе продолжи седницата на која ќе се расправа за обвинителите во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кога ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат.

Одлуката за разрешување на Јанева, додаде, стапува на сила со денешниот ден и ќе биде објвена во службените гласила.

Мандатот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева истекува утре, 15 септември.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ја разреши Јанева

Каков крај на мандатот на Јанева: Ем притворена ем разрешена, а можеше да биде симболот на борбата против корупцијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка за шест месеци оствари добивка од 15,6 милиони евра

Редакција

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 42,59 отсто, Силјановска 41,60 и Река 11,57

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ утре повторно на протести со возила во повеќе градови во земјава

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница