еМагазин
Image default
Македонија

На барање на ОЈО и СЈО одложени судењата за „Транспортер“ и „Траекторија“

Рочиштата за предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Транспортер“ и „Траекторија“ денеска беа одложени на барање на Основното јавно обвинителство и на СЈО.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер, Никола Груевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во предметот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи за евентуални санкции кон Русија

Редакција

Швајцарската полиција нуди 10.000 франци за информација за убиецот на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку

Редакција

Советот на јавни обвинители ја доби одлуката за разрешување на Јанева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница