еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Укинат куќниот притвор на Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје ја укина мерката куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

– Заради интерес на повеќе медиуми околу мерката за обезбедување присуство за С.Ј. кој по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 19 март 2019 година се наоѓа во куќен притвор, ја информираме јавноста дека од надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка на 12.09.2019 година доставен е предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост.

По разгледување и ценење на предлогот истиот е уважен од судија и мерката куќен притвор е укината, а определени се други поблаги мерки за претпазливост, соопштуваат од Судот.

Кривичниот Суд му одреди куќен притвор на Јакимовски во март годинава.

Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во периодот од 2011 до 2017 при постапување по барање за утврдување правен статус на објекти лоцирани на ул. „Илинденска“ во Скопје.

МИА/Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: АСНОМ во преамбулата на Уставот ќе биде спомнат двапати

Редакција

Уште е рано за отворање на границите, вели Филипче

Редакција

Некои се дури речиси шест пати над просекот: Драстично зголемени нивоата на реките

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница