еМагазин
Image default
Македонија

Катица Јанева разрешена и од Обвинителството во Гевгелија

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставено вон сила делот од решението за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева со кое е определено дека и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија.

Претседателот на Советот на ЈО Ацо Колевски, појасни дека Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и редовното државно Јавно обвинителство се посебни институции, така што, со решението таа фактички и не може да ја обавува функцијата јавен обвинител.

– Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител, изјави Колевски.

Посочи дека одлуката за престанок на функцијата на Јанева е донесена поради одлуката за нејзино разрешување од СЈО поради нестручно и несовесно врешење на функцијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Сега ќе си одам и не доаѓам веќе“: Снимката од заминувањето на разрешената Катица Јанева од Собрание хит на Твитер

(Видео) „Отвори, отвори“: Како разрешената Катица Јанева ја отвори портата на МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски се поклони пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во базиликата „Санта Марија“ во Рим

Редакција

За утре одложено судењето за ТНТ, ако не дојде Тони Трајковски стражарно ќе биде спроведен

Редакција

Од Владата велат дека македонската химна останува иста и текстуално и инструментално

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница