еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за државна правобранителка од Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информира МВР.

На 01.11.2018 пријавената, како државен правобранител-Прилеп, спротивно на Законот за државно правобранителство и Законот за стечај, преку Основен суд Прилеп, во врска со пресуда на Апелациониот суд во Битола од 10.09.2018, поднела барање за ревизија на парични побарувања во име на тужителот Министерство за финансии – Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Прилеп, од тужената страна, со што го пропуштила предвидениот законски рок за поднесување на наведеното барање.

По ова, Врховниот суд го отфрлил ваквото барање како ненавремено, а на тужителот му наложил да ги надомести трошоците од 41.418 денари за водење на постапката. Со ова, пријавената нанела штета на Буџетот на Р. С. Македонија од 41.418 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Застрашувачка сцена во Кочани: Маж се полеа со бензин и се самозапали

Редакција

13-годишно девојче од Аеродром нападнато и ограбено од четири малолетнички кои ги познавала

Редакција

44-годишен маж од Пробиштип пронајден починат на клупа пред зграда во скопски Аеродром

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница