Повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист. KiNK ќе настапи на 20-ти септември, петок, во „Three Kitchen & Bar“ со почеток од 17 часот.
„KiNK е еден од најбараните продуценти во хаус музиката, артист со исклучетелен талент и богати способности. Навистина посебен музички креатор. Тој се истакнува истовремено со своите продукции и импресивни вештини за настапи во живо кои надминуваат се што досега сте виделе„, велат организаторите.
Бројот на билети ќе биде ограничен и истите ќе можат да се набават само во претпродажба во „RadioBar“ и „Three Kitchen & Bar“. Цената на првите 100 лимитирани билети изнесува 500 денари, потоа 600 денари и 300 лимитирани билети изнесуваат 700 денари.