еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Само во Македонија“: Кумановец шест години предавал математика со фалсификувана димплома

Кумановската полиција поднесе кривична пријава до основното јавно обвинителство за „фалсификување исправа“ против кумановец кој шест години предавал математика во основното училиште „Бајрам Шабани“, информираше денеска СВР Куманово.

„СВР Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.З. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378, став 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на СВР Куманово.

Пријавениот набавил фалсификувана диплома од Универзитет во Приштина, Р.Косово, со што се стекнал со квалификација на степен „професор по математика“. Дипломата ја употребил како вистинска во општинско основно училиште „Бајрам Шабани“ Куманово, каде склучил договор за работа и засновал работен однос на определено време.

До 2017 година му биле изготвувани повеќе договори за работа на определено време, при што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од платите што му биле исплаќани од буџетот на Република Северна Македонија од 1 декември 2011 до 5 мај 2017 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското Собрание ќе расправа за Пендиков и односите со Македонија

Редакција

Во пет балкански земји ќе патуваме со лични карти

Редакција

Измама: Повеќепати им зел пари на мајка и ќерка со лажно ветување за работа во Германија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница