еМагазин
Image default
Локално

Командирот на противпожарната единица во Скопје, Кочовски апелира до надлежните да излезат на терен за да спречат пожарите

Командирот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Кочовски на својот Фејсбук апелира надлежните да излезат на терен за да спречат пожарите.

„Цела вечер пожарникарите ја поминаа на терен. Шумски пожари, од кои уште е активен пожарот во Коњари. Депонии, стрништа… и поради недостаток на луѓе останаа на работа и денес. Може да се каже дека се бескорисни вака преморени, ама знам дека ако има следна интервенвија ќе дадат се од себе.

Како тоа ќе се одрази по нашето здравје не знам?! Десетина камиони се на поправка. Се троши огромна количина на гориво…

Туку друго ми беше муабетот. Не можам да се обратам на тие што палат и да им кажам да не го прават тоа. Се обраќам до сите надлежни да излезат на терен. Да ги фатат сторителите, и да бидат соодветно казнети. Да има полициски патроли, патроли на шумска полиција кои превентивно би делувале. Дронови…

Се изгоре…дрво нема да остане по планините. Она што не изгоре го испосекоа, се уништија…
Доста е…
Дали разбираме? Дали ни е гајле?“, вели Кочовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовчанец пријавил дека исчезнала сопругата

Редакција

Хорор во кавадаречко: Ја искасапил сопругата со секира, па се самоубил фрлајќи се во Црна Река

Редакција

Штипјанка измамила кумановка: И праќала злато и пари по брза пошта

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница