еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Макпрогрес“ организира посета на Зоолошката градина во Скопје за своите вработени и нивните најблиски

Во неделата (22 септември) компанијата „Макпрогрес“ Виница реализира еднодневен семеен ден за своите вработени, организирајќи интересно едукативна посета на Зоолошката градина – Скопје.

Вработените заедно со своите блиски, партнери и деца имаа можност да се дружат, да поминат забавен ден и да видат што ново има во зоолошката градина, да ги хранат животните, да видат посебно шоу со морскиот коњ, и да се едуцираат од стручни лица вработени во Скопје ЗОО.

Целта на ова патување е пред се дружењето и поттикнување на вистински вредности, како јакнење на тимскиот дух, и пред се да се покаже дека вработените се важен дел од оваа компанија.

Радоста на најмладите беше ставена во фокус, тие поставуваа најразлични прашања и се едуцираа на теми поврзани со животните. Во текот на целата посета децата се дружеа со нивната пријателка, кравичката Алми, која им подели и подароци.

Најголемата вредност за една компанија се нејзините вработени, а тоа најдобро го покажува „Макпрогрес“ Виница, која редовно дава до знаење колку се грижи за сите членови на компанијата, но и за нивните најблиски. „Макпрогрес“ Виница редовно зема учество во групни активности за вработените во компанијата.

Почнувајќи од традиционалната „Винчинијада“, преку која „Макпрогрес“ организира неколкудневни посети на различни локации за вработените, па сѐ до ваквите чести настани на кои вработените заедно со нивните најблиски можат да се почувствуваат како дел од големото семејство на „Макпрогрес“.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за негувателката од Велес, која им давала на деца од градинка да пушат електронска цигара

Редакција

ГАК со детали за починатата родилка и нејзиното бебе: Смртта настанала поради одлепување на постелката

Редакција

Доктор Беќаровски со совети пред почетокот на второ полугодие: Училниците да се проветруваат пет минути по секој завршен час

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница