еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Само во Македонија“: Нефи Усеини повика на протест за рушење на дивоградбите пред општината во која е советник

Бизнисменот Нефи Усеини, кој е член на Советот на Општина Охрид, на Фејсбук ги повикува граѓаните на протест пред Општината Охрид против уривањето на дивоградбите.

„Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат.

Од 1.400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од УНЕСКО, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.

Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши. Според тоа на 25.09.2019 (среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани“, пишува Усени, кој и лично е засегнат со рушењето на дивоградбите.

Рушењето на дивоградбите, кое го спроведува Општината во Охрид, започна пред неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Охридски комуналец“ ги поништи трите договори со фирмата на советникот на ДУИ, Усеини

По нападот на универзитески професор, за советникот на ДУИ, Хусеини се преземаат постапки, вели Заев

Заев до Усеини: Тргни ја дивоградбата или државата ќе ја руши

Фото: Фејсбук/Усеини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Куманово и Липково седум новозаразени од корона вирусот

Редакција

Нови директори на Управата за финансиска полиција и ДЗС

Редакција

Бугарското МНР поради бришењето на клубот во Битола ја обвини Македонија за кршење на Европската конвенција за човекови права

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница