еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Медена земја“ низ кината во Македонија од 27 септември

Документарецот „Медена земја“ (Honeyland) од 27 септември почнува со кинодистрибуција во повеќе градови низ Македонија.

Филмот, кој е годинешен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на „Европските филмски награди“, освен во Скопје, ќе се прикажува и во Кратово, Штип, Крива Паланка, Струга, Битола, Куманово, Свети Николе и Охрид.

На 27 септември (петок) во 20 часот ќе се прикажува во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип. Истиот ден со почеток во 19 часот ќе може да се погледне во НУ Центар за култура – Крива Паланка. На 2 октомври е закажана проекцијата во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со почеток во 19 часот.

На 3 октомври во 20 часот, филмот ќе се емитува во „3D Кино“ во Битола и во МКЦ „КОЗЈАК“ Куманово. Следниот ден (4 октомври) во 19.30 часот документарецот ќе игра во Домот на културата во Свети Николе, а во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Наскоро ќе бидат објавени и термини за кинопроекции и во другите градови.

Инаку, покрај веќе редовните проекции во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, документарецот од 21 септември е на репертоарот и на скопското кино „Милениум“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ООУ Лазо Ангеловски домаќин на краткорочна размена на ученици во рамките на Еразмус + проектот „Млади новинари денес-одговорни дигитални граѓани утре“

Редакција

Arena Sport од февруари достапен за корисниците на А1 Македонија

Редакција

Јубилејната 35. Ликовна колонија Галичник започнува на 12. август

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница