еМагазин
Image default
Локално

Го киднапирале откако излегол од кафана, па го пуштиле

Дваесет и осумгодишник од тетовското село Џепчиште во СВР Тетово пријавил дека под закана со оружје насилно бил внесен во возило, а за неколку минути подоцна бил пуштен. Настанот се случил вчера околу 20 часот кога излегол од угостителски објект во селото.

„Откако насилно бил внесен во „голф 7“ со скопски регистерски ознаки во кое се наоѓал 42-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица и уште неколку други лица, возилото се упатило кон населбата Дреновец во Тетово. Набрзо потоа 28-годишникот бил симнат од возилото. Нешто подоцна, Ј.А. самиот се пријавил во полициската станица Тетово“, информира СВР Тетово.

Приведениот е задржан, а СВР Тетово најавува соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изгаснат пожарот на скопската депонија Дрисла

Редакција

Спасени се двете лица, кои денеска се превртеа со чамец на Мавровско Езеро

Редакција

(Фото) БМВ се „заби“ во семафор на крстосница во Аеродом

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница