еМагазин
Image default
Македонија

Пратениците изгласаа зголемување на платите во јавниот сектор за 5 отсто

Со 82 гласа „за“, без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та седница по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, со кој се овозможува покачување од пет отсто на платите во јавната администрација.

Пратеничката од СДСМ Јагода Шехпаска на собраниската говорница истакна дека со Законот ќе бидат опфатени сите вработени во јавниот сектор, кој согласно информациите од Министерството за информатичко општество за 2018 година изнесуват околу 138 илјади.

„Зголемувањето ќе биде за пет проценти, средствата се обезбедени од Буџетот на РСМ и зголемена плата вработените во јавниот сектор ќе ја добијат за септемвриската плата“, рече Шехпаска и додаде дека зголемена плата ќе добијат сите буџетски корисници, вработените во јавни устанвои, локалната самоуправа, социјалните фондови, агенциите, како и професорите, докторите, здравствените работници, останати вработен во јавен сектор.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска посочи дека како пратеничка група поднеле амандман за зголемување на платите од 10 отсто за администрацијата.

„Две години сте на власт, а денеска за првпат зборуваме за покачување на плати. Вчера имавме протест со кој беше блокиран цел град. Вакво незадоволство имаме кај многу вработени во јавниот сектор и затоа за да си го исполните и вие вашето ветување, но и да ги задоволиме финансиските потреби на вработените во јавниот сектор предлагаме зголемувањето на платата да не биде пет туку да биде 10 проценти“, рече Митовска.

Инаку, како што велат од Владата, ова е трето зголемување на платите во здравството и второ во армијата и образование и детските градинки.

Предлог законот, кој беше единствена точка на дневниот ред на 115-та собраниска седница, е поднесен од пратениците Јован Митрески, Ејуп Алими, Мерал Узеири Ферати, Неџбедин Каремани, Мирослав Јовановиќ, Јусуф Хасани и Јагода Шахпаска. 

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорѓија Сајкоски ќе го води изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори

Редакција

Обвинение против Латас и Лазаров, за новинарот се бара одземање на пасошот, а на двајцата да им се забранат јавни настапи

Редакција

Петто приведено лице за предизвикување пожар: Жител на Добридол се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница