еМагазин
ЖИВОТ

„Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“: Прошетка за подигање на свеста за оваа болест

Во Скопје денеска ќе се одржи единаесетата розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“, во организација на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“ и Амбасадата на САД во земјава. Настанот ќе започне во 11 часот пред Школка во Градскиот парк.

Манифестацијата ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1.500 учесници кои пешачејќи неколку километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на земјава, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од градовите низ Македонија. По прошетката ќе следува музички хепенинг се со цел да се овозможи луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот.

Како и во годините претходно, така и оваа година ќе се собираат средства преку продажба на розови маици , кои средства ќе се искористат за реализација на годишните активности на Здружението Борка, а тоа се: обезбедување на психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, обезбедување на перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на клиниката за онкологија и торакална хирургија од страна на волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС линија за помош и поддршка и др.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се симптомите на конго-кримска хеморагична треска од која е заболен вработен на Инфективна

Редакција

Втора доза од вакцините кај прележаните воопшто не е потребна, покажува истражување на Институтот за имунологија

Редакција

Проф. Трајковски: Бројките на починати, нови случаи и хоспитализирани во следниот период ќе искачуваат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница