еМагазин
Image default
Бизнис

Поевтинуваат бензините од половина до еден денар

Цените на бензините од полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар се намалува цената на Еуросупер БС-98, дизелот и на Екстра
лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на Еуросупер БС-95.

Така, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 70 ден/лит, на дизелот 62 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 68 ден/лит.

Цената на мазутот ќе се зголеми за 0,621 ден/кг со што тој од ноќеска ќе се продава по цена од 33,779 ден/кг.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска за стратегијата за греење за престојната зима: Некој треба да ги мисли работите, а не само тендерите

Редакција

НЛБ Банка ќе исплати бруто-дивиденда од 1.980 денари по акција

Редакција

Највисоката просечна бруто плата во декември изнесува 139.274 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница