еМагазин
Image default
Локално

Несекојдневна кражба: Синот му „здиплил“ на таткото 85.000 евра од метална каса

За кражбата на речиси 85 илјади евра која пред два дена ја пријавил жител на тетовско Јанчиште тетовската полиција изготви поднесок против неговиот 25-годишен син. Според СВР Тетово 25-годишникот од метална каса во домот во изминати три недели одзел вкупно 5.199.000 денари или околу 85.000 евра.

„Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште и ќе изготви соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик, изјави Марјан Јосифовски“, портпарол на СВР Тетово.

Членот 263 предвидува „гонење за дела помеѓу блиски сродници кои живеат во исто домаќинство по приватна тужба“, во врска со член 236 од Кривичниот законик каде е запишано делото „тешка кражба“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица се ранети при пукањето во „Ист Гејт“, тешко бил повреден Раде Трајковски Штекли

Редакција

(Фото) Кавадарци за прв пат доби лизгалиште

Редакција

40-годишен полицаец од Велес убиен од неговата партнерка со нож во пределот на срцето

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница