еМагазин
Image default
Македонија

Новите осомничени во случајот „Рекет“, повикани на распит во Кривичен суд

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основен кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор.

По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. и определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, соопштија од Основениот кривичен суд Скопје.

Во него се додава дека, што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најдени сите пари „изрекетирани“ во “Рекет“?

Куќен притвор за „Рекет“ за Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13

Нови четири лица осомничени во „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги доближуваат ли ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ставовите за уставните измени: И Таравари ќе бара гаранција од ЕУ дека ќе нема нови услови

Редакција

Од утре во Куманово забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

Редакција

Русковска: Обезбедените видеа и аудио снимки се само за двајцата осомничени во „Рекет“, оставката на Катица во лош тајминг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница