еМагазин
Image default
Македонија

Заев очекува Фросина Ременски да докаже дека е невина за „Рекет“

Лично верувам во невиноста и презумцијата на невиност и час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Премиерот најави дека партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање на Ременски од  централниот и извршниот одбор.

– Драго ми е што на сите можни начини и форми се докажува владеењето на правото, независноста на правосудството, но секако Уставот наш исто така ја гарантира презумцијата на невиност. Тоа што го кажав уште кога се отвори овој случај, вчера го повторив, денеска повторно ќе го кажам, партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од централниот одбор и извршниот одбор. Тоа е принципиелен став. Ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во органите и телата на партијата.

На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ и е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.

МИА/Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски

Ременски не чувствува вина за „Рекет“

Ќе остане ли Ременски потпретседател на Собранието откако беше осомничена во „Рекет“?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Габриел Бајрам призна вина за насилство и доби казна затвор од три месеци

Редакција

30 дена притвор за седумте полициски службеници за трагедијата во Кочани

Редакција

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница