еМагазин
Image default
Локално

Само во Македонија: Опустошиле шума за да си пробијат пат без дозвола

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А. (61) и З.Ш.(71), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и „помагање“, информира МВР.

Во текот на 2017 второпријавениот, како инвеститор, склучил договор со првопријавениот за пробивање на пат кон с.Форино, без претходно обезбедено одобрение од ЈП „Национални шуми“.

По ова, од почетокот на 2019 до 31.05.2019, во атар на с.Форино, на место викано „Форински извори“, на парцели сопственост на ЈП „Национални шуми“, првопријавениот со работна машина, извршил пробивање на пат, без соодветно одобрение.

Притоа, тој оштетил 86 стебла, односно 15,38 кубни метри црн габер. Со ова пријавените, на ЈП „Национални шуми“ нанеле штета од 118.020 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни дојави за бомби во две скопски училишта

Редакција

Млад Германец и тројца скопјани со физичка пресметка го „разбудиле“ градот

Редакција

Исламската верска заедница оштетила џамија во Битола заштитена како културно наследство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница