еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски: Омикронот може да создаде сериозни економски импликации, од таму и стравот

Доктор Нико Беќаровски, на својот Фејсбук-профил пишува дека сите релевантни и независни укажувања сугерираат дека омикрон е со многу поблаги симптоми и шансите да завршите во болница се околу 80% помали, од моментално доминантната делта варијанта во Македонија (www.cnbc.com).

„А зошто се крева толкава прашина и влева страв?

Ако во моментов ние имаме околу 500 новозаразени дневно, кои нашиот здравствен систем успешно ги апсорбира, тоа би значело дека од омикрон варијантата, здравствениот систем успешно би апсорбирал и до 4.000 новозаразени, бидејќи заболените воглавно би лежеле дома.

Каде е тогаш проблемот?

Ако просечното траење на Ковид-19 е околу 10 дена, тоа значи дека секој во подолг временски период би имале околу 40.000 активни случаи, што мора да се согласиме дека може да создаде сериозни економски импликации и голем број на отсутни работници од своите работни места.

Токму затоа, поради сериозните импликации врз бизнисот е големата паника која владее во ЕУ и САД, од Omicron-чето.

Човекот во западната цивилизација, оддамна ја изгуби битката со неговото височество профит,“ пишува Беќаровски.

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ГД Тиквеш со загуба во првото полугодие

Редакција

Косово во знак на благодарност што Македонија гласаше за негов влез во Интерпол, може да ги испорача лицата кои ги бара македонската полиција

Редакција

Нови 150 случаи на заразени од корона вирусот, дури 93 во Скопје

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница