еМагазин
Image default
Техно

А1 Македонија го реализираше првиот повик на 5G технологија

A1 Македонија, како компанија што постојано ги имплементира најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на квалитетот на услугата за своите корисници, со гордост објавува дека успешно ја заврши првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата.

Тестовите со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни битски брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија на опсег од 3500 MHz.

„Со напорни и интензивни подготовки во минатиот период, развивме интерни компетенции и овозможивме високо ниво на технолошка подготвеност за комерцијално воведување на 5G. Со гордост ја известуваме јавноста дека го реализиравме првиот 5G повик во тестна мрежа на А1 Македонија и со тоа можеме да потврдиме дека како компанија сме подготвени да продолжиме со следните чекори во воведување на најновата мобилна технологија од петтата генерација.

Наскоро ќе го демонстрираме техничкиот потенцијал и иновативните промени на оваа најнова, револуционерна технологија“, изјави Божидар Полдругач, директор на одделот за техника во А1 Македонија.

Со мрежите од петтата генерација се овозможуваат целосно нови примени во областа на безжични комуникации, современи начини за користење на мобилните мрежи и многукратно подобрување на корисничкото искуство, обезбедувајќи големи брзини и капацитети за пренос на податоци (интернет), видео и гласовни услуги, како и поголемо покривање и кратка латенција, која овозможува сигурна податочна комуникација во реално време, овозможувајќи поврзаност за индустриски апликации, автономни возила, гејминг, разновидни автономни уреди со долг век на траење на батериите и воопшто секаков вид современи податочни услуги што оваа технологија ги овозможува.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Новото Galaxy Z Flip Thom Browne издание за оние кои што не се плашат да експериментираат

Редакција

Сметките за струја нема да можете да ги плаќате во Пошта, кои се алтернативните начини

Редакција

За прв пат на македонскиот пазар: „А1 Видео поддршка” – алатка за разговор во живо и одговори на најдеталните технички прашања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница