еМагазин
Image default
Македонија

Адеми: Поддавањето рака за помирување не значи амнестија

Министерот без ресор во Владата задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми на неговиот фејсбук-профил по говорот на премиерот Зоран Заев во Собрание, објави дека поддавањето рака за помирување не значи амнестија.

„Помирувањето или опростувањето е човечка особина и големина. Папата Јован Павле Втори, му прости на својот атентатор , но тоа не го амнестираше Ахмет Али Агџа од одслужување на затворската казна. Обидот за атентат беше во 1981 година, од затвор излезе 2010 година.Така е и сега“, напиша Адеми на неговиот фејсбук-профил.

Пораката за помирување со опозицијата која Заев ја испрати од Собранието, каде што тој го образложува предлогот за уставни измени, јавноста ја протолкува како согласност на власта за давање на амнестија на обвинетите за настаните на 27 април.

фото: Фејсбук-профил на Едмонд Адеми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богоевски: Се уште не знаеме дали ги имаме потребните 80 гласа и нема да знаеме до гласањето

Твитерџиите гневни на предлогот на Заев за помирување: Онаа багра не влезе во куќата на Заев, туку во моето Собрание

Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

428 казни за неносење маска

Редакција

910 набљудувачи и 32. странски новинари ќе ги следат изборите во среда

Редакција

„Пукнаа“ две предизборни „бомби“ поврзани со „Рекет“

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница