еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатката Николовска: Начинот на испитување на сведокот Вељаноски е надвор од законот

Судот треба да е нем посматрач, а доколку има потреба од разјаснување на одредени работи во тој случај треба да побара појаснување, порача Ружица Николовска, адвокатката на обвинетиот Горан Ѓошевски – Леви за прашањата упатени на денешното рочиште од претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска кон сведокот Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието.

Вељаноски денеска сведочеше за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија на барање на одбраната на обвинетиот Ѓошевски, кој тогаш беше шеф на неговото лично обезбедување како претседател на Парламентот.

-Како правник и како професионалец изненадена сум од некои работи што се случија денеска во судницата. Провокациите од јавниот обвинител беа невкусни со дофрлање на некои коментари, а испитувањето на судот сметам дека не е во ред и не е во духот на ЗКП. Ваквиот начин на испитување на сведокот Вељаноски сметам дека е надвор од законот, бидејќи судот на сите останати сведоци даваше да се доискажат до крај, но со него се случи на еден поинаков начин. Дали е тенденциозно и пристрасно не е мое да кажам, јавноста нека цени, но од она што го видов не е дозволено, изјави Николовска по завршувањето на сведочењето на Вељаноски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вељаноски: Ниту сум помислил, ниту сум кажал некому да ги отвори вратите од Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И со службена и со редовна влада нема репреговарање на договореното со Македонија, велат од бугарското МНР

Редакција

Никој не може да даде гаранции дека внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде последно барање, кажа Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците

Редакција

(Галерија) „Оставка на Заев, слобода на народот“: ВМРО-ДПМНЕ протестираше во седум градови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница