еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатската комора бара да се обезбедат потребните услови на судењето за насилството во Собрание

Адвокатската комора на РМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за „27 април“, се со цел за непречено и фер судење.

Група адвокати ангажирани како бранители во предметот КОК БР. 40/18 што се однесува на случувањата од 27 април минатата година во Собранието на РМ, што се води пред Кривичниот суд во Скопје, вчера во попладневните часови ја известиле Адвокатската комора на РМ дека на вчерашното рочиште на адвокатите не им биле овозможени елементарни услови да го следат распитот на загрозениот сведок, да можат да водат прибелешки и да поставуваат вкрстени прашања во интерес на лицата кои ги застапуваат.

Заради надминување на состојбите околу условите за работа, Адвокатската комора на РМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес, а се со цел за непречено и фер судење.

Во контекст на погоре наведеното од Адвокатската комора во денештото соопштение напоменуваат дека е потребно учесниците во постапката да укажат взаемно почитување, да го почитуваат и чуваат угледот меѓусебно и со коректен однос да придонесат за спроведување на законитоста во постапката. Таквите тенденции се должни да ги овозможуваат на пристоен начин и со допуштените правни средства.

– Сметаме дека во интерес на законитоста на постапката потребно е сите учесници во истата доследно да ги почитуваат одредбите од Законот за кривичната постапка, а се со цел нормално и непречено одвивање на судењето, велат од Адвокатската комора на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев во Берлин на средба со Меркел и Макрон

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Контролорите на летање бараат полицијата да ги чува, ако директорите на М-НАВ не поднесат оставки на 10. јануари се затвора воздушниот простор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница