еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Џафери ја врати на доработка интерпелацијата што ја поднесе Левица, од партијата најавуваат тужба

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја врати на корекција интерпелацијата што ја поднесе Левица против него, бидејќи, според партијата, собранискиот спикер го прекршил Уставот, зборувајќи на албански јазик во Европскиот парламент.

Џафери ја вратил интерпелацијата, бидејќи документот не бил поднесен со уставното име на земјава.

Тој се повикува на членот 136 од Деловникот на Собранието и позитивното право и бара интерпелацијата да се корегира во рок од 15 дена.

„Спикерот Талат Џафери нема храброст да се соочи со пратениците и ја враќа интерпелацијата против него! Член 136 кој тука е наведен, се однесува на општи прекршувања на Деловникот. Џафери нема наведено ништо конкретно зошто интерпелацијата е вратена.

Подолу дури изигрува обвинител и Уставен суд, па суди што било во согласност со позитивното право на РМ, а што не. Иако тоа не е негова работа. И секако, продолжува со дискриминација на пратениците (не) Албанци форсирајќи двојазични документи по секоја цена. Оти му се може.

А премиерот со прстот во уста. Битно парата се врти, напиша пратеникот од Левица, Борислав Крмов на Фејсбук.

Од Левица најавија и тужба против Џафери за враќање на интерпелацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев ќе побара од Џафери да објасни зошто во Европскиот парламент зборувал на албански јазик, но нема да има одговорност

Интерпелацијата за Џафери – школски пример кога етничкото е пред Уставот и законите

Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за Џафери поради повреда на Уставот

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Немам никакво учество, активитет или улога во партијата“: Гордан Георгиев се огласи за шпекулациите дека ќе биде нов лидер на СДСМ

Редакција

(Видео) Сузбиенa организиранa криминалнa групa од Охрид и Струга, инволвиранa во недозволена трговија со дрога и оружје

Редакција

Поранешните специјални обвинители Донев и Јосифовска ќе продолжат да ги застапуваат случаите „Триста“ и „Тотал“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница