еМагазин
Image default
Македонија

Џафери: Протоколот на НАТО ќе се ратификува до 12 февруари

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека до 12 февруари ќе се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

– Во овој момент нема потреба да се брза со предвремена ратификација. Владиниот предлог е во собраниска процедура и нема индиции дека е неопходно предвреме да се постапува, изјави Џафери за Телма, пренесува МИА.

Според него, сите парламентарните партии се подготвени да дадат зелено светло.

Парламентот на Шпанија синоќа му даде поддршка на лидерот на социјалистите Педро Санчез за формирање на коалициска влада, со што се става крај на речиси едногодишната политичка криза во четвртата по големина економија во еврозоната.

Формирањето на шпанската Влада ќе го отвори патот за ратификација на протоколот за членство во НАТО со што нашата држава ќе стане 30-та членка на Алијансата.
МИА/Фото: Собрание
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шекеринска до колегата Каракачанов: Ова не е начин на комуникација меѓу две членки на НАТО

Редакција

Убава вест: 749 оздравени од Ковид-19

Редакција

41,1% од заразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница