еМагазин
Image default
Македонија

Џафери: Собранието ќе заседава по избори, се друго е обид за пуч

Собранискиот спикер Талат Џафери во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 зборуваше за процедурата за одново свикување на Собранието, откако СДСМ поднесоа иницијатива за тоа. Според него нема можност за такво нешто.

„Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот,“ рече Џафери.

Според собранискиот спикер, кој било друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч.

Џафери рече и дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот.

„На 16 февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието,“ изјави тој.

МИА/Фото: Собрание

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ поднесе барање до Собранието за свикување итна седница

ВМРО-ДПМНЕ: Уставот е јасен, Собранието е веќе распуштено и не може повторно да заседава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски до новинарите: Прашајте го Груевски за логистиката и личниот шофер во Будимпешта

Редакција

По пронајден череп: Скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени

Редакција

Судијата Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница