еМагазин
Image default
Македонија

Агенција за разузнавање отфрла вмешаност во незаконски активности

Агенцијата за разузнавање отфрла било каква вмешаност во незаконски активности и потенцира дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата.

„Во последните неколку дена во разни медиуми искажани се многу невистини околу работата на Агенцијата за разузнавање. Најостро ги осудуваме сите овие обиди за вмешување на Агенцијата во кои таа нема активности. Агенцијата постапува според своите законски надлежности“, се вели во денешното соопштение од АР.

За сите минати безбедносни настани, посочуваат оттаму, Агенцијата остварува тесна соработка со Основното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи.

„Поради текот на истрагите сметаме дека вакви слободни и самоволни толкувања на работата на Агенцијата на никого не му одат во прилог. Во исто време сакаме јасно да укажеме на јавноста дека ако се продолжи со нарушување на основните човекови и професионални вредности можеме самите ние како граѓани на ова општество да креираме нова безбедносна закана во државата“, се посочува во соопштението.

Агенцијата, се додава во него, ја поддржува кампањата за борбата против лажните вести, но воедно и апелираме дека борбата против лажните вести и манипулации почнува од сите нас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските медиуми да не преведуваат од македонски јазик, оти тој е регионална форма на бугарскиот, бара партијата на Каракачанов

Редакција

Катица Јанева очекува да се најде решение за СЈО, се надева на уште еден мандат

Редакција

За една недела 145 деца до 19 години заболеле со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница