еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Агенцијата СГС редовен добитник на тендерите за обезбедување на Археолошкиот музеј

Национална установа Археолошки музеј на Македонија – Скопје по распишаниот тендер за обезбедување имоти, археолошки предмети, материјали и документација за потребите на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје за 2019 година склучи договор со друштво за услуги „Секјурити груп сервисес“ ДООЕЛ Скопје (СГС).

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 7.080.000 денари.

Интересно е што истата фирма го доби тендерот за обезбедување имоти, археолошки предмети, материјали и документација за потребите на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје и за шест месеци во 2018 година.

Тогаш вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесуваше 2.400.118 денари.

СГС го доби и тендерот за обезбедување на музејот во 2016 година односно од февруари 2016 до крајот на јануари 2017 година. Тогаш вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ изнесуваше 8.559.720 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Машинкоп“ вреден 14,6 милиони евра

Редакција

Репортери без граници: Во 2020 година убиени се 50 новинари, повеќето во држави што не се во војна

Редакција

Само 18 отсто од македонското население користело роаминг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница