еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети дава исказ пред хашките истражители во Приштина, не во Хаг

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во просториите на мисијата на ЕУ – ЕУЛЕКС во Приштина дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.

Како што објави Еуроњус Албанија, Ахмети дошол во просториите на ЕУЛЕКС изутрината околу 9:30 часот. Распитот се одвива во Приштина, а не во Хаг каде што е седиштето на Специјалното обвинителство, што е пракса кога повиканите сведоци не се во можноста да отпатуваат за Холандија.

Засега нема официјални инфомации зошто Ахмети е повикан да даде исказ, но според косовските медиуми, тоа е поврзано со неговата активност за време на војната како еден од основачите на ОВК, и постапките што ги отвори Обвинителството за претседателот на Косово, Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија, Кадри Весели.

Врз основа на досегашните практики на Специјалното обвинителство, сведочењето на Ахмети веројатно ќе продолжи во текот на целиот ден, а ако има потреба и утре, пренесува Еуроњус Албанија.

Али Ахмети беше повикан од Обвинителството на 22 јули. По добивањето на поканата, лидерот на ДУИ на неговиот Фејсбук профил објави дека ќе даде исказ како сведок и еден од основачите на ОВК.

МИА/Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството во Солун започна истрага за упадот на изложбата на македонскиот сликар Андреевски

Редакција

Убава вест: Во последното деноноќие, на интерните клиники во Скопје немало приеми на пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Вкупно 7.132: Од Ковид-19 починаа 12 лица, најмладото на 43-годишна возраст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница