еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска и утре треба да биде сослушан од истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово.

Од неговиот кабинет и од ДУИ тврдат дека тој е повикан како сведок за неговата улога во ОВК. Нема информација дали тој ќе сведочи во седиштето на обвинителството во Хаг или во Приштина.

Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.

Лидерот на ДУИ минатиот месец на неговиот Фејсбук-профил објави дека ќе сведочи на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг, кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.

– Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок, информира вчера и министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ за предлог-планот на Владата за борба против лажните вести: Одредени точки загрижуваат

Редакција

Петмина од Чаир, двајца од Сарај и Аеродром: Од кои скопските општини се 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

Редакција

Одбиено барањето на косовскиот заменик-министер за правда за посета на осудените за „Диво Насеље“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница