еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети не е за предвремени парламентарни избори, Собранието да ја донесе одлуката за Договорот со Грција

„Денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите, за демократијата. Денеска демонстриравме демократија, процес за влез во НАТО и ЕУ. Овој процес значи реформа за затворање на прашањето со Грција. Вечерва сакаме да кажеме дека Собранието треба да ја донесе таа важна одлука за Договорот со Грција. Ние ќе гласаме за. Во изборите во 2016 година кажавме дека сме за НАТО и сите сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. Ние затоа го  добивме тој мандат за да влеземе во НАТО, затоа што друга алтернатива немаме. Референдумот е консултативен“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На прашање што ако не се реализираат уставните измени, дали ДУИ е за предвремени парламентарни избори, Ахмети рече Македонија има многу поважни работи отколку предвремени парламентарни избори.

МИА/Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 152 пациенти заразени со Ковид-19

Редакција

Денеска нов обид за евакуација на цивили од Киев, Суми, Харков, Чернихив и Мариупол

Редакција

До 8 јули од 8 до 18 часот затворен за сообраќај патот Велес – Градско поради асфалтирање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница