еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети го дематира премиерот, вели дека со Ковачевски се во преговори со Алијансата за Албанците за нивен влез во Владата

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека вчерашната средба во партиското седиште во Мала Речица, која траеше 11 часа, била една од низата традиционални средби на партијата, а имало конструктивна дебата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби и работата на министрите на ДУИ денеска на дневен ред на седница на Централно претседателство на партијата

-На средбата беа слушнати забелешки врз извештајот на извршната власт, со цел да се подобри работата во овие институции. Се дискутираше за прашањето за ветинг, каде како ДУИ имаме одговорност за непречено функционирање на државата.

Имаше и различни теми, се разговараше за образованието, за здравството, за имплементација на албанскиот јазик. Нема да се прекинат дебатите во ДУИ или различните размислувања. Јас сум еден од оние кои не би се согласиле доколку се потисне различното мислење, но на крајот мора да се почитува мислењето на мнозинството. Демократијата има свои граници, тоа значи дека во демократијата не е дозволена анархија, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе стане ли Беса единствената партија на Албанците во опозиција, се поизвесно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

На новинарско прашање за можноста Алијансата за Албанците да и се приклучи на владината коалиција, Ахмети истакна дека и тој и премиерот Димитар Ковачевски се во разговори, но, како што посочи, уште е рано да се зборува за некаков епилог.

-Беше отворена и оваа тема. Средбите со нивни претсавници ги остварив јас. Ги има остварено и Ковачевски со Таравари. Ќе видиме каков епилог ќе има од разговорите што ќе се реализираат меѓу двете страни. Се уште не е разговарано за детали, тоа е тековен процес. Ние, како Албанци имаме потреба за поголемо единство, да бидеме малку поорганизирани во насока на оставурање на мисијата, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари по средбата со Ковачевски: Засега не се разговара за влез во Влада

Средбата на Ковачевски со Таравари била продолжение на лидерската, вели премиерот

МИА/Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) БРАКО гради нова хала за зголемување на производството на возила

Редакција

15.000 македонски граѓани викендов ќе се ревакцинаат во Белград и Ниш, најголем дел од нив со „АстраЗенека“

Редакција

„Соникс“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на болнички кревети вреден 396.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница