еМагазин
Бизнис

АХВ забрани увоз на свинско месо и преработки од Србија поради африканска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска донесе забрана за увоз на свинско месо и преработки, како и увоз и транзит на живи домашни и диви свињи од Србија, по веста дека во оваа земја се појавила африканска чума.

Директорот на АХВ Зоран Атанасов потврди дека во Србија има африканска свинска чума, и тоа во околината на Белград, Младеновац, Смедеревска паланка,…

Претходно, на прес-конференција за антраксот, Атанасов соопшти дека во Република Северна Македонија африканска свинска чума нема. Состојбата будно се следи, а превентивните мерки се подигнати на максимално ниво.

„Од петокот во сила е Решението за задолжително лабораториско испитување на секоја увозна пратка свинско месо, производи и преработки. Пратките нема да се пуштаат во промет се додека не се добие наодот од лабораториското испитување“, информира директорот.

Отстрелот на дивите свињи кој се планира како превентивна мерка, се уште не е почнат. Утре на состанок во Велес, АХВ и Ловечката федерација ќе ги утврдуваат динамиката и начинот на заловување.

Алармот за африканската свинска чума се запали по информацијата дека во Бугарија бројот на жаришта е зголемен.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ: Одгледувачите да се подготват, можна појава на африканска свинска чума

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Национални шуми на врвот: Топ 10 најголеми должници на УЈП

Редакција

„Жито Полог“ ја зголеми добивката

Редакција

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата во декември за 142 евра повисока во споредба со ноември

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница