еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Акција за отплата на заостанат долг за вода, без пресметка на камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање.

Акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 15 март до 23 април. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

„ЈП Водовод и канализација- Скопје имајќи ја предвид социјално-економската состојба како резултат на пандемијата, повторно излегува во пресрет на потребите на граѓаните.

Имено, граѓаните, во периодот од 15 март до 23 април може да се обратат во Секторот за наплата за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот.

Процесот за наплата во ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе се одвива непречено со почитување на сите протоколи, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание.

При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете.

Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита,“ се вели во соопштението.

Фото: Водовод

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи, вели Битиќи

Редакција

Дополнителни три денари по килограм предадена пченица, поддршка и за јачменот и оризот

Редакција

Од Скопје до Штип преку Миладиновци за патарини во еден правец ќе плаќаме 160 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница