еМагазин
Image default
Македонија

Ако бидат откажани дел од нарачките следни за нарачка ќе бидат вакцините „Спутник“, порача Заев

Ние сме нарачале толку вакцини против Ковид-19, колку што Комисијата за здравство кажува по нивна проценка дека е доволно за колективната имунизација на населението. Така што дефинитивно сме направиле чекори, сме потпишале договори, некаде авансно сме платиле или слично за да ги обезбедиме тие количини. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев.

– Ако продолжиме да порачуваме вакцини „Спутник“, следна веројатно е „Астра Зенека“, па нови количини од „Фајзер“, па нови количини од „Синофарм“ и ќе се затекнеме да има пет милиони вакцини во државата.

Тоа е недозволиво заради рационалноста и наменското трошење на јавните пари. Затоа сме направиле договори толку колку што имаме потреба согласно националниот план за вакцинација на граѓаните.

Ако се откаже дел од нарачките и се анулира дел од нарачката веројатно следни за нарачка ќе бидат токму „Спутник“ вакцините, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новата Европска куќа во Струмица.

Како земја членка на НАТО во консултации секако и со стратешките партнери на државата, посочи премиерот, вакцинирањето претставува суверено право на секоја земја и апсолутно нема никакви геостратешки или геополитички реперкусии заради тоа што се работи за здравство, се работи за здравјето на граѓаните и апсолутно немаме никакви резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Допрва ќе се прави проценка дали треба да се набави руската вакцина против Ковид-19

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани, одлучи Советот за координација по честите дојави за бомби

Редакција

Ревакцинирани вкупно 425.356 граѓани

Редакција

Суспендирани полицајците кои тврдеа дека биле измамени од затвореник

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница