еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ако не се договориме ќе избие Трета светска војна: Зеленски подготвен за средба со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да преговара со рускиот колега Владимир Путин, но предупреди дека ако обидите за преговори не успеат, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји ќе доведе до „Трета светска војна“.

– Подготвен сум да преговарам со него. Подготвен сум во изминатите две години. И мислам дека не можеме да ја завршиме оваа војна без преговори, изјави Зеленски за Си-Ен-Ен.

Украинскиот претседател истакна дека ако постои еден процент шанса да се запре војната, тогаш треба да ја искористат таа шанса.

– Мораме да го направиме тоа. Ние губиме луѓе секој ден, невини луѓе на теренот, додаде Зеленски.

Тој нагласи дека руските сили дошле, како што рече, „да ги истребат и убијат“ и дека Украина мора да покаже дека е достојна за својот народ и армија.

– Но, за жал, нашето достоинство нема да спаси животи. Така што, мислам дека треба да искористиме каков било формат, секоја шанса за да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин, порача украинскиот претседател.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската елита размислува за атентат врз Путин, тврди Украинското министерство за одбрана

(Видео) Ни куршумите во воздух повеќе не ги плашат: Украинците продолжуваат со протест против Русите во окупираните делови

(Видео) Украина пред и по војната

МИА/Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СИРИЗА ги поднесе меморандумите со Македонија, Грција ќе покаже на дело колку го почитува Преспанскиот договор

Редакција

Општините Центар Жупа и Дебар излегоа од карантин

Редакција

Од Владата не кажуваат колку пари на граѓаните се потрошени за промена на името

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница