еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Ако поскапи водата за пиење, нема државна поддршка за комуналните претпријатија

Ако јавните комунални претпријатија ја зголемат цената на водата за пиење, веќе нема да добиваат државна поддршка, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на прес-конференција во Владата потсети дека овие претпријатија веќе користат субвенционирана струја и затоа ги повика јавно да кажат зошто бараат да поскапи водата за пиење.

Бектеши информира дека веќе се доставни барања од општините да продолжи субвенционираната струја за јавните комунални претпријатија и училиштата.

-Има барање од општините да продолжи субвенционираната струја за јавните комунални претпријатија и учичиштата. Ги повикувам тоа да го направат преку ЗЕЛС или друго здружение, да достават барање до Владата и согласно анализите, кога ќе има простор, ќе им излеземе во пресрет.

Подготвени сме обврските што ги имаат да ги покриеме, но, јавно да излезат и да кажат пред граѓаните зашто бараат поскапување на водата за пиење. Моментно користат субвенцинирана струја. Ако ја поскапат водата, нема да има подддршка од Владата, а ако не ја поскапат, поддршката ќе продолжи, подвлече Бектеши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Редакција

Британскиот сој на Ковид-19 останува доминантен во Македонија

Редакција

(Фото) На одмор во Анталија, не го пропуштајте рафтингот во кањонот Копрулу

Силвана Жежова

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница