еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Актерката Билјана Беличанец, мајка на две деца, мртва ја пронашол нејзиниот сопруг

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека полицијата синоќа околу 22:30 часот добила пријава за смртта на актерката и поранешна градоначалничка на скопската Општина Кисела вода, Билјана Беличанец.

Режисерот Сашо Миленковски, нејзиниот сопруг, пријавил дека во неговиот стан на улица „Истарска“, го пронашол безживотното тело на неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот.

Беличанец со Миленковски стапи во брак неодамна. Тоа и е втор брак, а од претходниот има две деца.

Од МВР информираат дека од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје.

Таа беше градоначалник на Кисела Вода од 2013 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Најдобрата“: Калиопи, Џамбазов, Зафирчев, Петрушевска… се простуваат од актерката Беличанец

„Почивај во мир Туфи. Спиј мирно Билјана“: Реакции на Твитер за смртта на актерката Беличанец

Детали од Обвинителството за смртта на актерката Беличанец

Актерката и поранешна градоначалничка Билјана Беличанец пронајдена мртва

Фото: ТВ Нова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски за затворската казна за случајот „Плацеви на Водно“: Македонија живее време на политички мотивирани судења против политички неистомисленици на власта

Редакција

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 268.000 евра

Редакција

Министерството за образование и наука склучи договор со „Арбеира-десигн„ вреден 1,2 милион евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница